29 август 2011

Иселенички парадокс




Добар иселеник е оној кој нема пристап на интернет со .мк домејн и не фаќа МТВ на сателит. Секоја чест на исклучоци.

Иселенички џубокс - поздрави и честитки на државна сметка

Секое лето во Македонија, покрај комарците има наезда и на гастербајтери кои сакаат да видат дали во родното село им ставиле водовод и канализација. Ако не, ДА ЖИВЕЕ МАЌЕДОНИА, ВЕЧНА ДАЕЕ!!

Да се разбереме, без иселениците Македонија ќе бида покуса за над милијарда евра годишно. Тие „10 долари“ се уствари доста солидна цифра со кои многу семејства кај нас преживуваат.

Него, друго ми беше муабетот. Што ми се мешате у политиката на земјата каде што преживувам секој ден, а вие си го прчите во белиот свет !?

Протести на иселениците во Австралија (извор)






Како тоа името е посвето од НАТО и ЕУ, кога Австралија е веќе во НАТО а географски е надвор од Европа? Со австралиска плата е многу лесно да се каже игнор на проблемите.

ОК! Претерав, не ми се лутете иселеници Македонски. Лец мув он. Да го поздравиме Џорџ:

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски (извор А1, ама не можат да ме тужат ХАХА!)
Џорџ, иселеник во САД, ќе го изјави следното: „Не може никој на светот да ни го промени нашето име, не може Обама, ни Путин, никој, само самите себе. Тие нас не тераат самите себе да си го смениме името“.

Некаде помеѓу неговото заминување во САД и денот кога ја дал изјавава, Ѓорѓија си го променил името во Џорџ. Може си вика „ок, ова е мојата црвена линија, АМА ИМЕТО ВО ЗЕМЈАТА ВО КОЈА НЕ ЖИВЕАМ НЕ ГО ДАВАМ!“

За крај, ќе ве оставам со богатото CV на еден од пратениците од дијаспората, се надевам ќе издржите цело да го прочитате.

Дури и University не го напишал како што треба. Повеќе тука.
Се гледаме можеби некогаш во Мелбурн. До тогаш ќе си го тераме орото што ни го свират тие што нè водат.



2 коментари:

  1. Што има географската положба на Австралија и тоа што таа е во НАТО? Нато не е исто што и ЕУ. Така да не ти треба да си во Европа за да си во НАТО. Си го побркал лонците.

    ОдговориИзбриши
  2. Да де, тоа се однесуваше на врската меѓу Австралија и Европската Унија. Прочитај го слоганот, да се дообјаснувам?

    ОдговориИзбриши