Во Tropico, за да успееш мора прво да изградиш фарми и индустрија, па после цркви и споменици |
Не сум економист по струка, ама имам играно доста игрици стратегии базирани на различни економски модели. Би ги издвоил Civilization, Anno, Tropico, било која игрица од серијалот Tycoon, Sim City, па макар и Farmville.
Македонија во Јули исплати камата од 18 милиони евра за еврообврзницата издадена пред две години. Каматата е повисока од ОК кредитот на една наша банка. Легална лихва. Народот и во двата случаи воопшто не се буни, напротив ја искористува можноста да дојде до пари кои ги нема, а да ги троши на работи за кои не им држи џебот.
Парите не растат на дрво, ама кој би знаел |
Доколку народот поигра некоја од гореспоменатите игрици, ќе сфати дека ако немаш многу пари на располагање, тоа што го имаш го вложуваш во нешто што ќе ти ги врати инвестираните пари и плус ќе заработиш нешто повеќе.
Во светот на игрите, ако цело време градиш споменици, инвестираш во 2 пиксела од цела мапа, ќе ти се испише GAME OVER за неколку саати. Логика бе батка.
Разликата помеѓу игрица и вистински живот е во тоа што имаме само едно жетонче |
Одличен пост.Ептен оригинална и забавна перспектива за како стојат работите во Македонија.
ОдговориИзбриши