04 август 2011

Охрид? Yes forever




И така, по не знам кој пат си го прекршив принципот на идење у Охрид кога е сезона на парење на простата маса. Успеав да преспијам 2 ноќи, пропратени со високотонските кич-ноти од охридскиот Пивофест. Не се избањав у езеро.

Охридска парола на сендвичара

Кога возиш накај Охрид, неизбежно е да поминеш низ Швајцарија, Белгија и Германија. Едноставно патот така води. Европјаниве од што толку ни ја сакаат земјава, доаѓаат во лето да направат по некоја свадба во зелената кафана на-село. Освен ако не загинат попат во своите Бемвиња купени на старо (на враќање накај Скопје, џич нова кола со швајцарски таблици се судри директно со друга кола претекнувајќи на полна лента!).

Додека возев се разминав со 5 свадбени поворки, од овие европските. Нема никогаш да разберам како и зошто родителите ги охрабруваат децата да седат на прозори од коли додека пичат со 80 на автопат. И тоа по 3 на прозор. (Моите не ми даваа у средина на задна клупа да седам, у случај ако закочи татко ми нагло да не летнам низ шофершајбна).

Примитивизмот на страна, полека ми се отвара познатата глетка пред друмскиот аеродром во Охрид. На влез пречекан сум од миљон гужва. Очигледно дека жмигавците во Охрид се забранети со закон, сите си возат ко на полигон за слепи.

Илинден - симболот на туризмот во Охрид


Стигнав у Охридати (првично скопски викенд-станови у Охрид, сега трајни живеалишта на претходно споменатата проста маса). Место за паркинг јок. После ритуалот Три-Ш (шит, шауер, шејв), искачам до град да јадеме со весело друштво.

На кеј директно се соочувам со македонштината од луѓе, по некој србин (не-претепани до смрт) и неколку претставници на холандско геријатриско друштво (најверојатно сеуште не-ограбени). Се движам до работ, се обидувам некако да ги избегнам панаѓурците. На секој чекор има скари, ченки и оние вреќите за боксирање. И после ќе тепале и ограбувале туристи.

Следуваат келнерски бисери од дводневното седење по ресторани во Охрид:
  • Седнуваш на маса, келнерите ги нема никаде едно 10 минути. Кога ќе приметат дека некој нов дошол на маса, прават потег со телото ко човек да се фрлил од 5-ти па се у шок.
  • Во светот можеш да дехидрираш само во Сахара и во ресторан во Охрид. Чаша вода из а ноу ноу, не е битно дали си нарачал или не.
  • Нарачуваме 4 пијачки. Келнерката се враќа со 4 пијачаки и 3 чаши. Весела математика.
  • Му викаме на келнер: „да нарачаме ако може главно јадење..“ Типов ни вика: „само салатите да ви ги донесам, нема проблем.“. И така си пушам цигара чекајќи го. Гасам цигара.. Го глеам нашиот келнер прима нарачка на друга маса. Салатите се исушија дур да ги донесе. Нарачавме главно јадење по 10 минути.
  • На „Билјанини извори“ детенце си го извади курето и си се намочка во езерцето. Мајката после 5 минути примети што направи. Не го искара, а ние продолживме да си јадеме.
  • Во Охрид не сечат осмини бурек и немаат лепчиња на скара (а имаат скара и имаат обичен леб).
  • Кога мењаат пепељари, прво ја земаат па по 5 минути се враќаат со истресена (а не измиена) пепељара.
  • Најсигурен си ако им побараш да платиш уште пред да размислиш што да нарачаш. Инаку, ќе се изначекаш 15 минути дур да ја искуца сметката.
Напомена: Охрид има факултет за угостителство и туризам.

Ноќниот живот во Охрид


Вечерното искачање во Охрид заслужува 5 блога да отвориш. Ќе се обидам да сумирам во неколку реченици.

Најпрво, мешавината на мирисот на езерото и на евтиниот парфем од туристите е неподнослив. Откако ќе се навикнеш на мирисот, следува глетката на разбацани, безвратни момци со нивните цицки-до-гуша девојки и фамилијарната глутница на луѓе (4 генерации ин уан).

Единствени места каде што нема екс-ју музика се Џез-ин и Патката (The Duck). Дури и во ирскиот паб фуче српско! 

Како и да е, Охрид за мене останува одлично место за престојување.. кога е зима.

9 коментари:

  1. Браво друже... мојот коментар би бил на свадбарите, кој верувај и тоа како ми се дојдени преку глава. Ајде мање више за свадбите, ама за тоа што сељоверот у 3 сабајле турира кола низ град (Тетово), небаре има излезено еден тон народ за да го видат, ја би идел со зоља низ град и би ги кревал у ваздух (ко оној градоначалникот со хермелинот). У швајцарија може да поштува закони а овде ко куче пуштено од ланец.
    Поздрав, и уште еднаш... СУПЕР ТЕКСТ!

    ОдговориИзбриши
  2. Браво за текстот, сочуство за изборот на платформата (хејтам). Абе ова Блогспот да ти било Охрид на блоговите :P

    ОдговориИзбриши
  3. Еј, пријатно сум изненаден од Блогспот. Ќути што не одбрав Џумла, глеам не го сакаат баш наоколу.

    ОдговориИзбриши
  4. Wordpress.com Јас непријатно се изненадувам секој пат кога коментирам на блогспот

    ОдговориИзбриши
  5. Се додека си ги кршиш принципите и одиш во Охрид во 3-те дена кога е општо познато дека гужвите се најголеми, ќе мрчиш безпотребно. Иако и самиот си по малку контрадикторен, викаш дека го сакаш градот во зима, што бараш во шпицот на кичот? Отиди, на пример, на почетокот на јули во Охрид и ќе видиш дека скоро за секоја напишана точка ќе се предомислиш...

    ОдговориИзбриши
  6. Сакаш да кажеш дека тебе ОК ти е да чекаш 20 минути за да те услужат у полу-празен ресторан со 20 келнери (од кои пола пушат цигари)?

    Моето мрчење никогаш не е безпотребно. Ако за сè си преќутуваме, ништо нема да се смени кон подобро.

    Инаку, тотално се сложувам со тебе за одење во Јули или во Септември. Охрид за мене е преубав како град моја кривица што не го напоменав во постот ова) но, во шпицот туристите и угостителите го прават мизерија.

    Плус, празни ли да седат становите на Скопјани?! :)

    ОдговориИзбриши
  7. Хехе, точно, се сложувам дека не е во ред. Охрид Е хаос во шпицот, но сепак постојат места кои што се во ред. Сепак Jazz Inn е култно место и за мене доволно :D

    ОдговориИзбриши
  8. Кога дава Господ не дава се’ да биде идеално. Пример е Охрид: колку убав град и природа, а каков чурук народ го населил

    ОдговориИзбриши
    Одговори
    1. Гледам дека постов е прастар ама не можам да не искоментирам.
      Да си ми здрав и жив. Јас веќе во Охрид не одам, толку го обожавав градот, ама ми одмили последен пат кога бев. Ај келнериве, ај свадбите и турбофолкот.....Си купивме карти за дома одење од некое Охридско превозно квази компанииче, фукнавме по 500тче, и автобусот беше 3пати пополн од што треба да биде. Стоевме ЦЕЛ ПАТ од Охрид до Скопје, небаре Рекорд-Железничка е раздалеченоста. Уште ни се дереа дека не сме дошле на време (?!) затоа немало место за седење (?!) - dafuq?
      За плажа ич па муабет не праам,гнасно заборавено.

      Избриши