10 август 2011

Лондон гори, Скопје се чешла




Кога започнаа нередите во Лондон во саботата, тогаш светот дозна дека полицијата убило момче два дена претходно. Во тие два дена ниту еден влијателен медиум во Британија не извести за настанот, иако роднини и пријатели на Марк Даган се насобрале пред локална полициска станица.

Невините жртви на гнилежот на општеството
Понесен од сличноста на овој настан со протестите во Скопје по повод убиството на Мартин Нешкоски (да не заборавиме дека протести имаше и во Прилеп, Битола и Куманово), веднаш „застанав“ на страната на демонстрантите (терминот демонстранти можеби е несоодветен). Веднаш направив споредба со начинот на кој се протестира во Лондон и Скопје. Понесен од неуспешноста на нашите протести (на страна тоа што случајот не застана на „момче му се слошило на плоштад“ и носењето на специјалците на психијатриски преглед), веднаш помислив на тоа дека можеби ваквиот начин на протестирање би донел поголеми резултати во исполнувањето на барањата. Но, секогаш за ваквите работи оставам на она народната „ако баба ми имаше бркови“. 

Момент од протестите во Скопје
Во меѓу време, демонстрантите во Лондон полека стануваа хулигани (rioters). Веќе четврти ден ограбуваат, кршат и палат продавници, берберници, автомобили, магацини и останати објекти во приватна сопственост. И по некоја полициска кола, нормално. Полека ми стануваше јасно дека овие луѓе во Лондон можеби и немаат некои конкретни цели за да им се подобри општеството (како што е крајната цел во Македонија, Шпанија, Египет, итн) туку се излезени на улица поради лична корист.

НО! Јас тотално ги разбирам иако не одобрувам насилство. Овие луѓе не се средна класа како во другите земји што протестираат, овие се шлајмот на општеството – најнинската класа на луѓе кои поради негрижата на државата и грото од општеството се „приморани“ да бидат криминалци, дилери, убијци, хулигани и крадци на ДВД плеери и 3Д телевизори.

Полицијата ги обезбедува демонстрантите во Скопје
За разлика од кај нас, во Англија има доста развиени Youth programs (нешто што кај нас би било во надлежност на „Агенција за млади и спорт“, но не би ги чачкал сеа пошо дечките се зафатени со избор на 20 песни по повод 8 Септември). Во последните години, овие програми се укинати во најсиромашните и воедно најпроблематичните квартови во Англија. Ова би го споредил со „квартот“ Арачиново – таму, наместо со топче, тенис се игра со кашикара.  Кашикартон.  

Како и да е, овие луѓе да беа подобро ситуирани во општеството не би се случило вакво нешто. Некој што има дома телевизор со рамен екран и iPad не би се осмелил да краде, иф ју ноу ват ај мин. 

Затоа, веќе не ги споредувам никако со нашите искрени протести. Нашето движење (иако има свои „ups and downs“) се залага за конкретни работи кои ќе бидат во корист на сите од општеството (освен на оние од системот), наместо грото од учесниците да искористат прилика за придобивање на некаква си лична корист како што е случајот во Лондон.


Полицијата пред судот во Скопје
Хронолигија на настаните во Лондон (за „протестирам“ во Македонија учесниците мораа сами да прават хронологија која беше искористена од медиумите, наместо обратно):  http://www.bbc.co.uk/news/uk-14436499
 
Известување во живо (кај нас, бидејќи протестите беа после 18ч па се до касно вечерта, моравме да чекаме за новости од медумите дури наредниот ден околу 12ч): http://www.bbc.co.uk/news/uk-14449675
 
И за крај, споредба како BBC и наш медиум (не би го нарекол медиум, ама ај нек им се угоде) известуваат за протести (благодарност до Сеад Џ.) http://issuu.com/cackovski343/docs/bbcvssitel

П.С. Додека го пишував постов, четворица загинале досега а полицијата во Лондон одобрила употреба на сила врз демонстрантите.

П.П.С. Александар повикува на протест на денот на раѓањето на неговиот брат Мартин, на 16-ти Август. Детали тука.

9 коментари:

  1. овие во Лондон и нашите #protestiram имаат исто само во првиот пасус од двојов пост. За другото нема место за компарација и се радувам што е така.

    ОдговориИзбриши
  2. a, можеш ли да замислиш што ке беше во Лондон ако полицијата се обидеше да го ЗАТАШКА убиството како кај нас?

    ОдговориИзбриши
  3. Далеку понапатени се црнците и азијатите во Лондон отколку тука било кој, па оттаму и размерот на протестите/бунтот е различен... поводот е ист како и кај нас, ама се разликуваме троа во изворот на фрустрациите
    Заедничко, и таму и тука треба да се смени нешто, ама нема да се смени

    ОдговориИзбриши
  4. Ова покажува колку они се цивилизирани и културни!
    Нека учи европа од нас!!!

    ОдговориИзбриши
  5. fuck off i ti i bbc i ostali impotentni shabani...if you know what i fuck off

    ОдговориИзбриши
  6. Хихи, си го добив првиот хејтерски неконструктивен коментар. Оу јеа. Поздрав друже!

    ОдговориИзбриши
  7. Сакам кажам не знам речам, или не знам што сакам да кажам ти е постов.

    ОдговориИзбриши
  8. Ели, пробувам да не тупам за работи кои се common sense. Заклучоците од постот извади си ги сама, од мене не добијаш детали.

    ОдговориИзбриши
  9. Респект за статијата! Респект и за компаративната анализа (Сеад Џ.)помеѓу известувањето на BBC и нашите средства за јавно дезинформирање (читај ТВ Сител).

    ОдговориИзбриши