29 август 2011

Иселенички парадокс




Добар иселеник е оној кој нема пристап на интернет со .мк домејн и не фаќа МТВ на сателит. Секоја чест на исклучоци.

Иселенички џубокс - поздрави и честитки на државна сметка

Секое лето во Македонија, покрај комарците има наезда и на гастербајтери кои сакаат да видат дали во родното село им ставиле водовод и канализација. Ако не, ДА ЖИВЕЕ МАЌЕДОНИА, ВЕЧНА ДАЕЕ!!

Да се разбереме, без иселениците Македонија ќе бида покуса за над милијарда евра годишно. Тие „10 долари“ се уствари доста солидна цифра со кои многу семејства кај нас преживуваат.

Него, друго ми беше муабетот. Што ми се мешате у политиката на земјата каде што преживувам секој ден, а вие си го прчите во белиот свет !?

Протести на иселениците во Австралија (извор)






Како тоа името е посвето од НАТО и ЕУ, кога Австралија е веќе во НАТО а географски е надвор од Европа? Со австралиска плата е многу лесно да се каже игнор на проблемите.

ОК! Претерав, не ми се лутете иселеници Македонски. Лец мув он. Да го поздравиме Џорџ:

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски (извор А1, ама не можат да ме тужат ХАХА!)
Џорџ, иселеник во САД, ќе го изјави следното: „Не може никој на светот да ни го промени нашето име, не може Обама, ни Путин, никој, само самите себе. Тие нас не тераат самите себе да си го смениме името“.

Некаде помеѓу неговото заминување во САД и денот кога ја дал изјавава, Ѓорѓија си го променил името во Џорџ. Може си вика „ок, ова е мојата црвена линија, АМА ИМЕТО ВО ЗЕМЈАТА ВО КОЈА НЕ ЖИВЕАМ НЕ ГО ДАВАМ!“

За крај, ќе ве оставам со богатото CV на еден од пратениците од дијаспората, се надевам ќе издржите цело да го прочитате.

Дури и University не го напишал како што треба. Повеќе тука.
Се гледаме можеби некогаш во Мелбурн. До тогаш ќе си го тераме орото што ни го свират тие што нè водат.



27 август 2011

Македонија - игрица со читови




Народот, во економски сенс, е ретардиран затоа што никогаш нема играно симулации на компјутер.

Во Tropico, за да успееш мора прво да изградиш фарми и индустрија, па после цркви и споменици

Не сум економист по струка, ама имам играно доста игрици стратегии базирани на различни економски модели. Би ги издвоил Civilization, Anno, Tropico, било која игрица од серијалот Tycoon, Sim City, па макар и Farmville.

Македонија во Јули исплати камата од 18 милиони евра за еврообврзницата издадена пред две години. Каматата е повисока од ОК кредитот на една наша банка. Легална лихва. Народот и во двата случаи воопшто не се буни, напротив ја искористува можноста да дојде до пари кои ги нема, а да ги троши на работи за кои не им држи џебот.

Парите не растат на дрво, ама кој би знаел


Доколку народот поигра некоја од гореспоменатите игрици, ќе сфати дека ако немаш многу пари на располагање, тоа што го имаш го вложуваш во нешто што ќе ти ги врати инвестираните пари и плус ќе заработиш нешто повеќе.

Во светот на игрите, ако цело време градиш споменици, инвестираш во 2 пиксела од цела мапа, ќе ти се испише GAME OVER за неколку саати. Логика бе батка.

Разликата помеѓу игрица и вистински живот е во тоа што имаме само едно жетонче
ПС: Луѓето кои викаат НЕ за „фашистичка“ Европа и НАТО, ко да не се свесни дека државата (читај: економската политика) ни се потпира на нив за да преживееме. Европа е нашиот cheat во лошо дизајнирата игрица наречена Македонија v0.1.


12 август 2011

I just gave a shit




Дали сте човек кој сака да има квалитетен и подобар живот? Дали сте човек кој го посакува истото за оние околу вас, знајни и незнајни? 

Ако не, стиснете CTRL + W.


10 август 2011

Лондон гори, Скопје се чешла




Кога започнаа нередите во Лондон во саботата, тогаш светот дозна дека полицијата убило момче два дена претходно. Во тие два дена ниту еден влијателен медиум во Британија не извести за настанот, иако роднини и пријатели на Марк Даган се насобрале пред локална полициска станица.

Невините жртви на гнилежот на општеството
Понесен од сличноста на овој настан со протестите во Скопје по повод убиството на Мартин Нешкоски (да не заборавиме дека протести имаше и во Прилеп, Битола и Куманово), веднаш „застанав“ на страната на демонстрантите (терминот демонстранти можеби е несоодветен). Веднаш направив споредба со начинот на кој се протестира во Лондон и Скопје. Понесен од неуспешноста на нашите протести (на страна тоа што случајот не застана на „момче му се слошило на плоштад“ и носењето на специјалците на психијатриски преглед), веднаш помислив на тоа дека можеби ваквиот начин на протестирање би донел поголеми резултати во исполнувањето на барањата. Но, секогаш за ваквите работи оставам на она народната „ако баба ми имаше бркови“. 

Момент од протестите во Скопје
Во меѓу време, демонстрантите во Лондон полека стануваа хулигани (rioters). Веќе четврти ден ограбуваат, кршат и палат продавници, берберници, автомобили, магацини и останати објекти во приватна сопственост. И по некоја полициска кола, нормално. Полека ми стануваше јасно дека овие луѓе во Лондон можеби и немаат некои конкретни цели за да им се подобри општеството (како што е крајната цел во Македонија, Шпанија, Египет, итн) туку се излезени на улица поради лична корист.

НО! Јас тотално ги разбирам иако не одобрувам насилство. Овие луѓе не се средна класа како во другите земји што протестираат, овие се шлајмот на општеството – најнинската класа на луѓе кои поради негрижата на државата и грото од општеството се „приморани“ да бидат криминалци, дилери, убијци, хулигани и крадци на ДВД плеери и 3Д телевизори.

Полицијата ги обезбедува демонстрантите во Скопје
За разлика од кај нас, во Англија има доста развиени Youth programs (нешто што кај нас би било во надлежност на „Агенција за млади и спорт“, но не би ги чачкал сеа пошо дечките се зафатени со избор на 20 песни по повод 8 Септември). Во последните години, овие програми се укинати во најсиромашните и воедно најпроблематичните квартови во Англија. Ова би го споредил со „квартот“ Арачиново – таму, наместо со топче, тенис се игра со кашикара.  Кашикартон.  

Како и да е, овие луѓе да беа подобро ситуирани во општеството не би се случило вакво нешто. Некој што има дома телевизор со рамен екран и iPad не би се осмелил да краде, иф ју ноу ват ај мин. 

Затоа, веќе не ги споредувам никако со нашите искрени протести. Нашето движење (иако има свои „ups and downs“) се залага за конкретни работи кои ќе бидат во корист на сите од општеството (освен на оние од системот), наместо грото од учесниците да искористат прилика за придобивање на некаква си лична корист како што е случајот во Лондон.


Полицијата пред судот во Скопје
Хронолигија на настаните во Лондон (за „протестирам“ во Македонија учесниците мораа сами да прават хронологија која беше искористена од медиумите, наместо обратно):  http://www.bbc.co.uk/news/uk-14436499
 
Известување во живо (кај нас, бидејќи протестите беа после 18ч па се до касно вечерта, моравме да чекаме за новости од медумите дури наредниот ден околу 12ч): http://www.bbc.co.uk/news/uk-14449675
 
И за крај, споредба како BBC и наш медиум (не би го нарекол медиум, ама ај нек им се угоде) известуваат за протести (благодарност до Сеад Џ.) http://issuu.com/cackovski343/docs/bbcvssitel

П.С. Додека го пишував постов, четворица загинале досега а полицијата во Лондон одобрила употреба на сила врз демонстрантите.

П.П.С. Александар повикува на протест на денот на раѓањето на неговиот брат Мартин, на 16-ти Август. Детали тука.

07 август 2011

Антиквизацијата во Македонија




Антиквизацијата во Македонија


Повод: извадените два крака од сонцето на вергината од штитот на фалангата на плоштад, „Воин на Коњ“ и „Александар Велики“ наместо „Александар Македонски“, фонтанта на плоштадот „Магнолија“ во Битола од 16 краци на вергината преку ноќ добива 8, итн..

04 август 2011

Охрид? Yes forever




И така, по не знам кој пат си го прекршив принципот на идење у Охрид кога е сезона на парење на простата маса. Успеав да преспијам 2 ноќи, пропратени со високотонските кич-ноти од охридскиот Пивофест. Не се избањав у езеро.

Охридска парола на сендвичара

Кога возиш накај Охрид, неизбежно е да поминеш низ Швајцарија, Белгија и Германија. Едноставно патот така води. Европјаниве од што толку ни ја сакаат земјава, доаѓаат во лето да направат по некоја свадба во зелената кафана на-село. Освен ако не загинат попат во своите Бемвиња купени на старо (на враќање накај Скопје, џич нова кола со швајцарски таблици се судри директно со друга кола претекнувајќи на полна лента!).

Додека возев се разминав со 5 свадбени поворки, од овие европските. Нема никогаш да разберам како и зошто родителите ги охрабруваат децата да седат на прозори од коли додека пичат со 80 на автопат. И тоа по 3 на прозор. (Моите не ми даваа у средина на задна клупа да седам, у случај ако закочи татко ми нагло да не летнам низ шофершајбна).

Примитивизмот на страна, полека ми се отвара познатата глетка пред друмскиот аеродром во Охрид. На влез пречекан сум од миљон гужва. Очигледно дека жмигавците во Охрид се забранети со закон, сите си возат ко на полигон за слепи.

Илинден - симболот на туризмот во Охрид


Стигнав у Охридати (првично скопски викенд-станови у Охрид, сега трајни живеалишта на претходно споменатата проста маса). Место за паркинг јок. После ритуалот Три-Ш (шит, шауер, шејв), искачам до град да јадеме со весело друштво.

На кеј директно се соочувам со македонштината од луѓе, по некој србин (не-претепани до смрт) и неколку претставници на холандско геријатриско друштво (најверојатно сеуште не-ограбени). Се движам до работ, се обидувам некако да ги избегнам панаѓурците. На секој чекор има скари, ченки и оние вреќите за боксирање. И после ќе тепале и ограбувале туристи.

Следуваат келнерски бисери од дводневното седење по ресторани во Охрид:
  • Седнуваш на маса, келнерите ги нема никаде едно 10 минути. Кога ќе приметат дека некој нов дошол на маса, прават потег со телото ко човек да се фрлил од 5-ти па се у шок.
  • Во светот можеш да дехидрираш само во Сахара и во ресторан во Охрид. Чаша вода из а ноу ноу, не е битно дали си нарачал или не.
  • Нарачуваме 4 пијачки. Келнерката се враќа со 4 пијачаки и 3 чаши. Весела математика.
  • Му викаме на келнер: „да нарачаме ако може главно јадење..“ Типов ни вика: „само салатите да ви ги донесам, нема проблем.“. И така си пушам цигара чекајќи го. Гасам цигара.. Го глеам нашиот келнер прима нарачка на друга маса. Салатите се исушија дур да ги донесе. Нарачавме главно јадење по 10 минути.
  • На „Билјанини извори“ детенце си го извади курето и си се намочка во езерцето. Мајката после 5 минути примети што направи. Не го искара, а ние продолживме да си јадеме.
  • Во Охрид не сечат осмини бурек и немаат лепчиња на скара (а имаат скара и имаат обичен леб).
  • Кога мењаат пепељари, прво ја земаат па по 5 минути се враќаат со истресена (а не измиена) пепељара.
  • Најсигурен си ако им побараш да платиш уште пред да размислиш што да нарачаш. Инаку, ќе се изначекаш 15 минути дур да ја искуца сметката.
Напомена: Охрид има факултет за угостителство и туризам.

Ноќниот живот во Охрид


Вечерното искачање во Охрид заслужува 5 блога да отвориш. Ќе се обидам да сумирам во неколку реченици.

Најпрво, мешавината на мирисот на езерото и на евтиниот парфем од туристите е неподнослив. Откако ќе се навикнеш на мирисот, следува глетката на разбацани, безвратни момци со нивните цицки-до-гуша девојки и фамилијарната глутница на луѓе (4 генерации ин уан).

Единствени места каде што нема екс-ју музика се Џез-ин и Патката (The Duck). Дури и во ирскиот паб фуче српско! 

Како и да е, Охрид за мене останува одлично место за престојување.. кога е зима.