20 септември 2011

Водич за купување на фотоапарат




Вака им одговарам на луѓето кои ми го кажуваат следното „Сакам апарат да си купам. Дали овој или оној да го земам?“.

Прво, дигиталните фотоапарати ги делам во 5 категории:

  1. Компактни/идиоти - Примери: Canon PowerShot Nikon Coolpix
  2. SLR-like апарати (слични на SLR, но објективот е фиксен). Примери: Canon PowerShot SX40 HS - Nikon Coolpix P500
  3. Compact SLR - почетно ниво. Примери: Canon EOS 1100D -  Nikon D5100
  4. Mid-size SLR - полу-професионално ниво. Примери: Canon EOS 7D Nikon D300S
  5. Full-frame SLR -  професионално ниво. Примери: Canon EOS-1D Mark IV Nikon D3S
Пред да почнете да барате по продавници и сајтови, најпрво мора да си одговорите на следниве прашања:
  • Што сакате да постигнете со нов апарат? Што фотографирате највеќе? Кои ситуации (ден, ноќ, внатре, надвор)?  
  • Знаете што значат термините exposure, shutter speed, f-stop, aperture, ISO?
  • Во кои ситуации имавте потешкотии да фотографирате?
  • Што највеќе ви фалеше во сегашниот апарат, кои опции?
  • Дали ве интересира видео?
  • Дали фотографијата ви е страст? Дали планирате да се занимавате со неа почесто или само понекогаш кога ќе излезте со друштво у кафана/планина/роденден?
Може да имате 5,000 евра на располагање и да го купите најскапиот апарат, ама џабе ќе ви биде бидејќи може да сфатите дека е премногу тежок и гломазен за користење. Можеби потребите би си ги задоволиле и со апарат од 200 евра.

За мене, марката на апаратот е небитна, бидејќи горе-доле сите нудат слични технички карактеристики. Исто така, муабетот со „што повеќе мега-пиксели тоа подобро“ е само маркетингшка финта за обичниот конзумер да се излаже. Поважна е оптиката, а и онака сега дури и компактните апарати ги прават со над 10 мега-пиксели. Ако сте почетник, разликата во квалитетот на оптиката нема да ја приметите. (сум користел Nikon, FujiFilm, Sony, моментално Canon 7D) 

  • Ако не планирате да научите повеќе за фотографијата, а сакате да имате фејсбук фотки со блиц - Категорија 1
  • Ако не планирате да научите повеќе за фотографијата, а сакате фотографиите да ви изгледаат малку подобри од оние на компактните и сакате да можете да сликате во повеќето од ситуациите - Категорија 2. 
  • Доколку навистина ве влече фотографијата, имате почетно знаење и сакате да дознаете повеќе за фотографијата; спремни сте понатаму да додадете плус пари за дополнителен објектив (или не-дај-боже hot shoe flash - за мене фотографија со блиц не е фотографија:) - Категорија 3
  • Ако веќе подолго време користите апарат од Категорија 3 и веќе сте ги откриле неговите ограничувања, тогаш - Категорија 4
  • Водичов би ви изгледал глуп и бескорисен ако сте тргнале да купувате Категорија 5 апарат, сè си знаете :)
За крај, не е толку важно каков апарат ќе купите сега. Доколку осетите дека ве влече фотографијата, за 1-2 години ќе сакате да си купите подобар апарат. Тогаш, нема да ви биде потребен овој водич, бидејќи сами ќе знаете да си ги поставите прашањата и да си дадете одговори.  Искуството ќе ви каже што ви фалело во претходниот апарат, а што ви треба во новиот.

Доколку сеуште сте неодлучни, слободно прашајте во коментари за некој модел што го меркате. Поопширен водич тука.

6 коментари:

  1. мојш само да им подобјасниш на луѓево да не се палат многу на мегаписели ( на пр. ако разлика во апарати е 8 и 10 мегапискели и цената, доволен им е тој од 8, а повеќе да обрнат внимание на оптички зум, барем јас така мислам)
    прашање: фотоапаративе со можност за снимање во RAW format, сите имаат инстант процесирање и снимање на сликата или за подолги експозиции треба време? или важен е и процесорот?

    ОдговориИзбриши
  2. Фала на забелешкак, го дополнив текстот.

    Разликата кога сликаш во RAW и JPEG формат е во тоа што ако е JPEG, процесорот ги компресира па ги снима на картица. Ако е RAW, директно без компресија (како што ги фатил сензорот) ги снима на картица. У принцип, и најпростите апарати снимаат RAW, но автоматски ги префрлуваат во ЈPEG ради конзумерски финтици :)

    Во однос на процесор, претпоставувам дека RAW е дури и побрз формат, но кочи брзината на снимање на картица бидејќи фајловите се поголеми.

    ОдговориИзбриши
  3. ова не ми помогна многу, го знаев отприлика,
    еве поконкретно прашање, дали двата апарати од трета категорија ЕОС 1100Д I NIKON 5100D, СПОСОБНИ СЕ ЗА да снимат одма слика од 30сеk. експозиција или од 25( за star trails, да не речам ѕвездени патеки), пошто јас со мојот апарат чекам да ја испорцесират сликата во исто траење со експозицијата и наместо star trails добивам star dots...

    ОдговориИзбриши
  4. Значи за да сликаш star trails, не ти требаат 30 секунди експозиција, туку минимум 30 минути :)

    За тоа ти треба Bulb функција на Shutter-от, и двата апарати што ги спомна го имаат тоа.

    Еве ти супер упатство за ова: http://www.jamesvernacotola.com/Resources/How-To-Photograph-Star-Trails/12233655_6n3up

    ОдговориИзбриши
  5. The best #oldschool http://lenses.zeiss.com/photo/en_DE/products/ikon/zeiss_ikon_camera.html

    The Megapixel Myth
    When it comes to taking digital photos, it’s the quality of the lens and the sensor that count, not just the number of pixels. A high resolution sensor with a low quality lens can only capture low quality pictures in high resolution. Also the image quality does not only depend on the number of sensor pixels but also on the quality of each pixel displayed. The displayed pixel size changes according to the physical size and properties of the display device. Prevzemeno od http://lenses.zeiss.com/photo/en_DE/products/partners/nokia.html

    ОдговориИзбриши
  6. ам не бе, од едно 100 сукцесивни слики или повеќе со stacking vo phоtoshop, добиваш 50 минути стар траилс, а може и така еден час експозиција директно од апарат ( ако е способен апаратот)
    јас ради паузите во процесирање добивам ова
    http://www.flickr.com/photos/hqwalls/5390430742/in/photostream
    и затоа ме интересира дали одма ја снимаат сликата за минимум пауза да е една секунда или ете две секунди најмногу

    ОдговориИзбриши