20 септември 2011

Водич за купување на фотоапарат




Вака им одговарам на луѓето кои ми го кажуваат следното „Сакам апарат да си купам. Дали овој или оној да го земам?“.

Прво, дигиталните фотоапарати ги делам во 5 категории:

  1. Компактни/идиоти - Примери: Canon PowerShot Nikon Coolpix
  2. SLR-like апарати (слични на SLR, но објективот е фиксен). Примери: Canon PowerShot SX40 HS - Nikon Coolpix P500
  3. Compact SLR - почетно ниво. Примери: Canon EOS 1100D -  Nikon D5100
  4. Mid-size SLR - полу-професионално ниво. Примери: Canon EOS 7D Nikon D300S
  5. Full-frame SLR -  професионално ниво. Примери: Canon EOS-1D Mark IV Nikon D3S
Пред да почнете да барате по продавници и сајтови, најпрво мора да си одговорите на следниве прашања:
  • Што сакате да постигнете со нов апарат? Што фотографирате највеќе? Кои ситуации (ден, ноќ, внатре, надвор)?  
  • Знаете што значат термините exposure, shutter speed, f-stop, aperture, ISO?
  • Во кои ситуации имавте потешкотии да фотографирате?
  • Што највеќе ви фалеше во сегашниот апарат, кои опции?
  • Дали ве интересира видео?
  • Дали фотографијата ви е страст? Дали планирате да се занимавате со неа почесто или само понекогаш кога ќе излезте со друштво у кафана/планина/роденден?
Може да имате 5,000 евра на располагање и да го купите најскапиот апарат, ама џабе ќе ви биде бидејќи може да сфатите дека е премногу тежок и гломазен за користење. Можеби потребите би си ги задоволиле и со апарат од 200 евра.

За мене, марката на апаратот е небитна, бидејќи горе-доле сите нудат слични технички карактеристики. Исто така, муабетот со „што повеќе мега-пиксели тоа подобро“ е само маркетингшка финта за обичниот конзумер да се излаже. Поважна е оптиката, а и онака сега дури и компактните апарати ги прават со над 10 мега-пиксели. Ако сте почетник, разликата во квалитетот на оптиката нема да ја приметите. (сум користел Nikon, FujiFilm, Sony, моментално Canon 7D) 

  • Ако не планирате да научите повеќе за фотографијата, а сакате да имате фејсбук фотки со блиц - Категорија 1
  • Ако не планирате да научите повеќе за фотографијата, а сакате фотографиите да ви изгледаат малку подобри од оние на компактните и сакате да можете да сликате во повеќето од ситуациите - Категорија 2. 
  • Доколку навистина ве влече фотографијата, имате почетно знаење и сакате да дознаете повеќе за фотографијата; спремни сте понатаму да додадете плус пари за дополнителен објектив (или не-дај-боже hot shoe flash - за мене фотографија со блиц не е фотографија:) - Категорија 3
  • Ако веќе подолго време користите апарат од Категорија 3 и веќе сте ги откриле неговите ограничувања, тогаш - Категорија 4
  • Водичов би ви изгледал глуп и бескорисен ако сте тргнале да купувате Категорија 5 апарат, сè си знаете :)
За крај, не е толку важно каков апарат ќе купите сега. Доколку осетите дека ве влече фотографијата, за 1-2 години ќе сакате да си купите подобар апарат. Тогаш, нема да ви биде потребен овој водич, бидејќи сами ќе знаете да си ги поставите прашањата и да си дадете одговори.  Искуството ќе ви каже што ви фалело во претходниот апарат, а што ви треба во новиот.

Доколку сеуште сте неодлучни, слободно прашајте во коментари за некој модел што го меркате. Поопширен водич тука.

04 септември 2011

Робови на традиционалните навики




Традиција е збор кој доаѓа од латинскиот traditionem, односно traditio со значење дека „нешто се пренесува натаму“, а се користи на повеќе начини, но најчесто да означи збир на верувања или обичаи во одредена област, на пример: христијанска традиција, традиција на прослава и слично.

Плачот на традицијата
Претпоставувам, сите можеме да се сложиме дека кај нас традицијата и обичаите потекнуваат од она „дамнешно“ турско време. Од тогаш до денес, многу пати е сменето општеството но традиционалните навики останале. Два примера:

- традиционална свадба со оро шесто напред двеста назад. (премногу малце ги има оние „модерните“ свадби)
- крштевки во Црква на бебиња од 50 години (да, за мене и религијата е некој вид на традиција бидејќи повеќето луѓе ја практикуваат у стил „ајде и крштевкава да ја поминеме, да не се замараме после со тоа, пошо е адет“ а не поради вистинските вредности што го носи христијанството, на пример).

Муабетот ми е, дел од традиционалните навики треба да завземат друга форма (освен настани како Галичка свадба, фолклорот, итн). Самата еволуција на нашето динамично општество ни налага да ги измениме и традиционалните навики. Како што е примерот во Шведска:

„The nice thing about customs and traditions is that they are constantly changing. When no longer of use, they are either forgotten or re-cast in a different mould.“

Кај нас ова го нема во дефиницијата. Чим ќе помислиме на „традиција“ по дифолт помислуваме дека тоа е нешто што не се менува. Никогаш! Се додека не се промени ова размислување, ние ќе тапкаме во место, како робови на традиционалните навики. Затоа што „мораме, адет е.“