И така, по не знам кој пат си го прекршив принципот на идење у Охрид кога е сезона на парење на простата маса. Успеав да преспијам 2 ноќи, пропратени со високотонските кич-ноти од охридскиот Пивофест. Не се избањав у езеро.
 |
| Охридска парола на сендвичара |
Кога возиш накај Охрид, неизбежно е да поминеш низ Швајцарија, Белгија и Германија. Едноставно патот така води. Европјаниве од што толку ни ја сакаат земјава, доаѓаат во лето да направат по некоја свадба во зелената кафана на-село. Освен ако не загинат попат во своите Бемвиња купени на старо (на враќање накај Скопје, џич нова кола со швајцарски таблици се судри директно со друга кола претекнувајќи на полна лента!).
Додека возев се разминав со 5 свадбени поворки, од овие европските. Нема никогаш да разберам како и зошто родителите ги охрабруваат децата да седат на прозори од коли додека пичат со 80 на автопат. И тоа по 3 на прозор. (Моите не ми даваа у средина на задна клупа да седам, у случај ако закочи татко ми нагло да не летнам низ шофершајбна).
Примитивизмот на страна, полека ми се отвара познатата глетка пред друмскиот аеродром во Охрид. На влез пречекан сум од миљон гужва. Очигледно дека жмигавците во Охрид се забранети со закон, сите си возат ко на полигон за слепи.
 |
| Илинден - симболот на туризмот во Охрид |
Стигнав у Охридати (првично скопски викенд-станови у Охрид, сега трајни живеалишта на претходно споменатата проста маса). Место за паркинг јок. После ритуалот Три-Ш (шит, шауер, шејв), искачам до град да јадеме со весело друштво.
На кеј директно се соочувам со македонштината од луѓе, по некој србин (не-претепани до смрт) и неколку претставници на холандско геријатриско друштво (најверојатно сеуште не-ограбени). Се движам до работ, се обидувам некако да ги избегнам панаѓурците. На секој чекор има скари, ченки и оние вреќите за боксирање. И после ќе тепале и ограбувале туристи.
Следуваат келнерски бисери од дводневното седење по ресторани во Охрид:
- Седнуваш на маса, келнерите ги нема никаде едно 10 минути. Кога ќе приметат дека некој нов дошол на маса, прават потег со телото ко човек да се фрлил од 5-ти па се у шок.
- Во светот можеш да дехидрираш само во Сахара и во ресторан во Охрид. Чаша вода из а ноу ноу, не е битно дали си нарачал или не.
- Нарачуваме 4 пијачки. Келнерката се враќа со 4 пијачаки и 3 чаши. Весела математика.
- Му викаме на келнер: „да нарачаме ако може главно јадење..“ Типов ни вика: „само салатите да ви ги донесам, нема проблем.“. И така си пушам цигара чекајќи го. Гасам цигара.. Го глеам нашиот келнер прима нарачка на друга маса. Салатите се исушија дур да ги донесе. Нарачавме главно јадење по 10 минути.
- На „Билјанини извори“ детенце си го извади курето и си се намочка во езерцето. Мајката после 5 минути примети што направи. Не го искара, а ние продолживме да си јадеме.
- Во Охрид не сечат осмини бурек и немаат лепчиња на скара (а имаат скара и имаат обичен леб).
- Кога мењаат пепељари, прво ја земаат па по 5 минути се враќаат со истресена (а не измиена) пепељара.
- Најсигурен си ако им побараш да платиш уште пред да размислиш што да нарачаш. Инаку, ќе се изначекаш 15 минути дур да ја искуца сметката.
Напомена: Охрид има факултет за угостителство и туризам.
 |
| Ноќниот живот во Охрид |
Вечерното искачање во Охрид заслужува 5 блога да отвориш. Ќе се обидам да сумирам во неколку реченици.
Најпрво, мешавината на мирисот на езерото и на евтиниот парфем од туристите е неподнослив. Откако ќе се навикнеш на мирисот, следува глетката на разбацани, безвратни момци со нивните цицки-до-гуша девојки и фамилијарната глутница на луѓе (4 генерации ин уан).
Единствени места каде што нема екс-ју музика се Џез-ин и Патката (The Duck). Дури и во ирскиот паб фуче српско!
Како и да е, Охрид за мене останува одлично место за престојување.. кога е зима.